Свет Свет Сирија: Убиени 800 екстремисти

Сирија: Убиени 800 екстремисти

Борци во Сирија

Повеќе од 800 екстремисти и околу 50 цивили загинаа од средината на септември во воздушните напади на коалицијата предводена од САД врз позициите на ИСИС и другите екстремисти, соопшти опозициската Сириска опсервација за човекови права.

Како што прецизираше организацијата, чие седиште е во Лондон, меѓу убиените 746 биле припадници на ИСИС, а 68 членови на сирискиот разгранок на терористичката мрежа Ал Каеда.

Организацијата додаде дека најмалку 50 цивили, вклучувајќи и осум деца и пет жени, загинале во нападите.
Воздушните напади почнаа на 23 септември, а главна мета се екстремистите од ИСИС.