Свет Сирија: 50.000 лица без храна и без вода

Сирија: 50.000 лица без храна и без вода

Во сириската провинција околу градот Алепо се наоѓаат околу 50.000 раселени лица, предупреди Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК).

Хуманитарната ситуација рапидно се влошува, затоа што е отсечен доводот на вода. МКЦК во соопштението наведува дека рутите за достава на помош се отсечени и оти цивилите се наоѓаат под силен притисок.

– Температурата е екстремно ниска и луѓето таму се без соодветно снабдување со храна, вода и без засолниште, а раселени лица преживуваат во неизвесни услови – рече шефицата на МКЦК во Сирија, Маријане Грасер.

Силите на сириските власти, со руска поддршка од воздух, освоиле делови од градот кој го држат бунтовниците.

Истовремено, Турција е под притисок да дозволи влез на 30.000 сириски бегалци кои се наоѓаат на сириско-турската граница.