Хроника Сириец избоден со нож во расправија меѓу мигранти

Сириец избоден со нож во расправија меѓу мигранти

Дваесет и четиригодишен Сириец бил избоден со нож во расправија меѓу мигранти, што утрово се случила во атарот на кумановското село Табановце, соопшти полицијата.

Инцидентот се случил околу 1 часот, кога на И.К. со нож му биле нанесени убодни рани во ногата.

Тој бил пренесен во кумановската болница за укажување лекарска помош.

Од полицијата велат дека работат на расчистување на случајот.