Македонија Синдикатот и Министерството за одбрана постигнаа договор, од мај стартува исплатата на...

Синдикатот и Министерството за одбрана постигнаа договор, од мај стартува исплатата на додатоците

Извор на фотографија: Министерство за одбрана

Договорот меѓу Синдикатот на одбраната и Министерството за одбрана за исплата на додатоците за прекувремена работа е финализиран. Исплатата на прекувремената работа која се однесува на сработеното во март ќе започне со априлската плата, која се исплаќа на почетокот на мај, пишува Порталб.мк.

Министерката за одбрана Славјанка Петровска и Синдикатот имаат редовни и непосредни состаноци. Во рамките на овие средби, постигната е согласност и е донесена одлука да се исплатат сите додатоци на плата на припадниците на Армијата при вршење на прекувремена, ноќна и сменска работа.

Инаку, прашањето за тужбите на војниците поврзани со додатоците на плата го отвори Порталб.мк. На 02.12.2021 година Порталб.мк информираше дека стотици вработени во Армијата на Северна Македонија, меѓу кои и професионални војници, ја тужат државата, тврдејќи дека не им се исплаќаат надоместоците за ноќните смени.

Тие го направија тоа повикувајќи се на Законот за работни односи. Од друга страна, Министерството за одбрана тврдеше дека надоместоците за работа ноќе се исплаќаат по основ на Закон за одбрана, Служба во Армијата на РСМ и Колективниот договор за вработените во одбраната. Според податоците на Министерството за одбрана, државата изгубила 400 од 2.000 случаи, а на вработените им платила околу 125.000 евра по оваа основа.