fbpx

Порталб: На повидок решение за проблемот со платите на војниците, министерката Петровска и синдикатот постигнаа договор

-

Министерката за одбрана Славјанка Петровска даде зелено светло за решавање на проблемот за плаќање на надоместоците и прекувремената работа, за што стотици војници ја тужеа АРМ, тврдејќи дека во минатото не биле платени. Од синдикатот велат дека се задоволни од договорот, но истакнуваат дека треба да се види како ќе се реализира на дело, известува Порталб.мк.

„На средбата што се одржа на 4 март со репрезентативниот синдикат на одбраната, министерката Славјанка Петровска постигна договор со Синдикатот да почне да се исплаќаат додатоците на плата за сработеното од 1 март“, велат за Порталб.мк, од Министерството за одбрана.

„Засега сме задоволни бидејќи ако се реши ова ќе решиме проблем што постои уште од времето кога се вработија професионалните војници. Но, ќе видиме како сето тоа ќе се одвива во пракса. Ова не е само во интерес на синдикатот или на вработените, туку е во интерес и на државата, бидејќи е оштетен државниот буџет. Значи сите сме оштетени, добија само адвокатите, проценителите и извршителите. Наместо парите да одат низ адвокати и судски постапки, нека одат кај вработените“, вели за Порталб.мк, Ванчо Исајов, претседател на Самостојниот синдикат на одбрана (ССО).

Од Министерството велат дека министерката е решена да го реши проблемот.

„Министерката Петровска е целосно решена да го реши прашањето за прекувремената работа, што беше отворено поради нееднаквите пресуди од 2009 година и пресудите од 2019 година, кои се дијаметрално спротивни“, велат од Министерството.

Од синдикатот велат дека не можат никого да натераат да ги повлечат поднесените тужби.

„Ниту Министерството, ниту ние како синдикат не можеме да им наложиме на војниците да ги повлечат тужбите. Со почетокот на исплатата на надоместоците, војниците повеќе нема да имаат основ да тужат“, смета Исајов.

Во секој случај, Министерството и Синдикатот ќе го продолжат дијалогот и во наредниот период.

Инаку, прашањето за тужбите на војниците поврзани со додатоците на плата го отвори Порталб.мк. На 02.12.2021 година информиравме дека стотици вработени во Армијата на Северна Македонија, меѓу кои и професионални војници, ја тужат државата тврдејќи дека не им се исплаќаат надоместоците за ноќните смени.

Тие го направија тоа повикувајќи се на Законот за работни односи. Од друга страна, Министерството за одбрана тврди дека надоместоците за работа ноќе се исплаќаат по основ на Закон за Одбрана, Служба во Армијата на РСМ и Колективниот договор за вработените во одбраната. Според податоците на Министерството, државата изгубила 400 од 2.000 случаи, а на вработените им платила околу 125.000 евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...