Дописници Силниот јужен ветер предизвика помали штети во Охрид

Силниот јужен ветер предизвика помали штети во Охрид

Изминатава ноќ и денеска до пладне во Охрид дивееше силен ветер кој направи штети, особено во крајбрежниот дел. Искинати се настрешници, има паднати гранки и дрвја, како и оштетени покриви.

Мегу другото, силниот јужен ветер го одвеа големото знаме кое беше поставено на 24 метри високиот јарбол на градскиот плоштад Св. Климент Охридски.

Знамето беше поставено во април 2009 година, како дел од проектот за поставување на вакви обележја низ земјата.

По обилните врнежи од дожд, во наредните два дена можни се појави на поплави.

Од Управата за хидрометеоролошки работи предупредуваат дека критичен е сливот на реката Црн Дрим, каде што се можни излевања.