Свет Силен земјотрес во Перу, причинета материјална штета

Силен земјотрес во Перу, причинета материјална штета

Земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди јужниот дел од Перу.

Засега нема извештаи за повредени или загинати, но како што јавуваат локалните медиуми, потресот оштетил куќи и сообраќајници во тој дел од земјата.

Епицентарот на земјотресот бил на 45 километри северозападно од градот Хилујак, на длабочина од 32 километри.