Свет Свет Силен земјотрес ја погоди Алјаска

Силен земјотрес ја погоди Алјаска

Југоисточниот крајбрежен дел на американската сојузна држава Алјаска денеска го погоди земјотрес со интензитет од 6,2 сепени според Рихтеровата скала, соопшти американскиот геолошки институт.

Според соопштението на институтот, земјотресoт се случил на длабочина од 16 километри под дното на Тихиот Океан, со епицентар на 93 километри од брегот на Алјаска, во близина на островот Атка.

Сè уште не е познато дали земјотресот предизвикал жртви и материјална штета. Засега не е издадено предупредување за појава на цунами.