Свет Силен земјотрес го погоди северот на Авганистан

Силен земјотрес го погоди северот на Авганистан

Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала ноќеска го погоди северот на Авганистан, а потресот се почувствувал и во Индија и во Пакистан, објави американскиот геофизички институт.

Епицентарот на земјотресот, кој се почувствувал два часа по полноќ по локално време, бил на 22 километри југозападно од Ашкашама и 300 километри североисточно од Кабул, на длабочина од 92,4 километри. Засега нема информации за можни жртви и за материјални штети.

Кон крајот на октомври, земјотрес со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала усмрти 390 лица во Авганистан и во Пакистан. Земјотресот уништи 1.000 куќи и оштети улици и телекомуникациска инфраструктура.