Свет Силен земјотрес го погоди Чиле

Силен земјотрес го погоди Чиле

Силен земјотрес со јачина од 6,8 степени по Рихтеровата скала ги погоди рано утринава крајбрежниот дел на Чиле, соопшти американскиот геолошки завод.

Епицентарот на земјотресот бил на 100 километри југозападно од Кокимба.

Земјотресот се случил во 4:32 часот по локално време, а се почуствувал и во главниот град Сантијаго, кој се наоѓа 300 километри јужно од епицентарот.

Чилеанската морнарица издаде предупредување за можна појава на мало цунами, а потоа го укина.

Засега нема информации за евентуални жртви ниту за причинета материјална штета, а канцеларијата за итни ситуации е на терен и проценува каде има инфраструктурни оштетувања.

Чиле се наоѓа на едно од сеизмички најактивните подрачја и објектите се проектирани за да издржат чести потреси.