Свет Силен земјотрес го погоди Чиле, издадено предупредување за цунами

Силен земјотрес го погоди Чиле, издадено предупредување за цунами

Земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтерова скала го погоди јужниот дел на Чиле, а властите издадоа предупредување за цунами.

Предупредувањето важи за зоната што се наоѓа околу илјада километри од епицентарот на потресот, кој се случил на 225 километри југозападно од местото Пуерто Монт.

Пацифичкиот центар предупреди дека се можни опасни бранови на крајбрежјето, кое се наоѓа на 1.000 километри од епицентарот.

Чиле се наоѓаа во огнениот појас на Пацификот, каде има засилена сеизмичка активност.