Свет Свет Швајцарија: Свлечиште усмрти мајка и дете

Швајцарија: Свлечиште усмрти мајка и дете

Свлечиштето ја преклопи куќата

Свлечиште кое прекрило куќа на југот од Швајцарија, усмрти 31-годишна жена и нејзината тригодишна ќерка, соопштија денеска швајцарските власти.

Циришкиот весник „20 минутен“ на својата веб-страница објави дека спасувачите ги пронашле жената и детето во урнатините на куќата, во зафрлен дел во близна на Лугано.

Полицајци, пожарникари и спасувачи со помош на кучиња-трагачи цела ноќ го пребарувале местото, надевајќи се дека ќе ги пронајдат мајката и ќерката живи, но изутринава ги пронашле нивните тела.