Свет Штрајк на германските железничари, хаос на патиштата

Штрајк на германските железничари, хаос на патиштата

Поради штрајкот реагираше и германскара кацеларка Ангела Меркел

Денеска штрајкуваат германските железничари, што предизвика голем метеж на автопатиштата. Поради тоа, пишуваат германските медиуми, во текот на викендот, во Германија ќе има недостиг на бензин. Поради штрајкот, реагираше и германската кацеларка Ангела Меркел, која побара посредник за решавање на проблемот.

– Може само да апелирам на нивното чувство за одговорност да пронајдат решение што ќе предизвика најмала можна штета за сите нас во државата со задржување на правото на штрајк – изјави Меркел.

Медиумите најавуваат дека надлежен суд денеска ќе одлучува за судбината на тој штрајк и дали по барање на „Дојче бан“ може да се забрани.

Шефот на синдикатот, Клаус Веселски, денеска предупреди дека железницата мора да се откаже од тоа да ги намалува основните права на машиновозачите и побара преговори.