Видео Што сè може да понуди „iPad Air 2“

Што сè може да понуди „iPad Air 2“

„Епл“ објави реклама за „iPad Air 2“, која се фокусира на сите различни начини на кои луѓето можат да го користат ајпадот.

Тема на рекламата е „промена“ (Change is in the Air). Исто така, видеозаписот ја формира идејата дека благодарение на својот екосистем, „iPad Air 2“ може да понуди и нешто во кој било сегмент.

Се очекува во следниот период „Епл“ уште поагресивно да го рекламира својот најнов таблет, по најновите информации за бавниот пораст на пазарот на таблети, кој се очекува во следните години.