Хроника Штипјанец го претепал татка си со дрвен предмет

Штипјанец го претепал татка си со дрвен предмет

Седумдесет и петгодишен штипјанец вчера бил претепан од својот син, кој го нападнал со дрвен предмет, удирајќи ги по главата и по телото, информира полицијата.

Од ударите, на старецот му биле нанесени тешеки телесни повреди и бил пренесен во Медицинскиот центар во Штип за укажување лекарска помош.

Според полицијата, се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.