Дописници Штип остана без две избирачки места поради недоволен број гласачи

Штип остана без две избирачки места поради недоволен број гласачи

Наместо на 80 избирачки места, на предвремените парламентарни избори на 11 декември гласачите во општина Штип ќе гласаат на 78.

Избришани се гласачките места во селата Сушево и Судиќ, бидејќи не ги исполнуваат законските услови за најмалку десет гласачи во едно избирачко место.

– Според Изборниот законик, во едно избирачко место мора да има повеќе од 10 гласачи, а бидејќи станува збор за мал број на гласачи, избирачкото место во Судиќ и избирачкото место во Сушево повеќе не постојат – вели Сенка Андреева, претседателка на општинската изборна комисија од Штип.

Жителите на овие две села ќе гласаат во најблиските избирачки места.