Дописници Штип: Мирен избирачки ден, помала излезност од последните парламентарни избори во 2016...

Штип: Мирен избирачки ден, помала излезност од последните парламентарни избори во 2016 година

Помала излезност од последните парламентарни избори во 2016 година е регистрирана на денешното гласање на 80-те избирачки места во Штип. До 20:30 часот, излезноста во Штип изнесува 56,65 отсто, наспроти 72,74 отсто на парламентарните избори во 2016 година. На одредени места излезноста се движеше меѓу 50 и 70 отсто.

Избирачкиот ден на предвремените парламентарни избори во Штип генерално помина во мирна и демократска атмосфера.

Веќе се соопштуваат првите резултати од помалите гласачки места по селата каде има меѓу 10 и педесетина гласачи. Засега од таборите на двете најголеми македонски партии во Штип даваат идентични информации дека имаат блиски резултати.