Свет Европа Штајнмаер: Земјите од Западен Балкан не треба да се остават сами во...

Штајнмаер: Земјите од Западен Балкан не треба да се остават сами во решавање на бегалската криза

Земјите од Западен Балкан не треба да се остават сами во решавање на бегалската криза, изјави германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер. Тој рече дека Германија одлучила на Србија и Македонија да им даде милион евра за помош на мигрантите.

Тој во интервју за германското радио Дојче веле истакна дека земјите од Западен Балкан се наоѓаат на патот кон ЕУ и не можат истовремено да бидат држави од каде ќе доаѓаат луѓе и ќе бараат заштита во Германија.

Штајнмаер додаде дека вчера во Виена ги потсетил претставниците на балканските земји дека тие ги прифатиле меѓународните хуманитарни норми во многу договори и поради тоа имаат обврски.