Македонија Штајнмаер: Сè поголемата нестабилност ја оддалечува Македонија од ЕУ и од НАТО

Штајнмаер: Сè поголемата нестабилност ја оддалечува Македонија од ЕУ и од НАТО

Се надевам дека политичките партии во Македонија разбираат дека сè поголемата нестабилност ќе го направи патот на земјата кон Европската унија и кон НАТО многу тежок, вели шефот на германската дипломатија, Франк Валтер Штајнмаер.

Пораката на Штајнмаер до партиите во земјава што го потпишаа Договорот од Пржино за излез од кризата, попладнево ја објави германското министерство за надворешни работи на својот твитер-профил.

Реакцијата на Штајнмаер и на Германија е една од ретките, ако не и единствената оваа недела, кога во земјава се зголемува неизвесноста во врска со политичката криза и секојдневно на улиците има протести против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција на функционери и на нивни блиски соработници.