Галерија „Шарената револуција“ ги обои лавовите на мостот Гоце Делчев

„Шарената револуција“ ги обои лавовите на мостот Гоце Делчев

Балони со боја, кои, најверојатно, беа наменети за зградата на Уставниот суд, завршија во скулптурите лавови што се наоѓаат на почетокот на мостот Гоце Делчев.

Силен полициски кордон со борбени возила и припадници на Единицата за брзо распоредување (ЕБР) на двете коловозни ленти на почетокот на мостот не им дозволија на демонстрантите да го поминат мостот и да стигнат до првично најавената дестинација – Уставниот суд.

На мостот не се случија инциденти помеѓу полицијата и демонстрантите.

Граѓаните во првите редови држеа огледала свртени кон полицајците и извикуваа „Нема правда нема мир“ и „Оставка“, а потоа почнаа со боење на лавовите.

Оттаму демонстрантите мирно се упатија пред зградата на Владата, каде го завршија протестот извикувајќи „Мафија на робија“ и „Џабе ти е аболиција, затвор не ти бега Никола“.

Протестот, како и секој ден, почна во 18 часот, пред зградата на Специјалното јавно обвинителство, каде што демонстрантите упатија поддршка за работата на оваа институција.