Свет Европа Шкотската премиерка ќе бара нов референдум за независност

Шкотската премиерка ќе бара нов референдум за независност

Премиерката на Шкотска и претседателка на Шкотската национална партија, Никола Стурџен, повтори дека ќе бара дозвола за одржување втор референдум за независност на Шкотска.

Таа соопшти дека од шкотскиот парламент следната недела ќе побара одржување реферндум, јавува „Би-би-си“.

Стурџен наведува дека сака гласањето да се одржи во периодот од есента 2018 година до пролетта 2019 година.

Таквиот потег би овозможил правно обврзувачки референдум, кој ќе се одржи ако биде одобрен.