Свет Европа Схинас: Брисел е против подигнување ѕидови и огради

Схинас: Брисел е против подигнување ѕидови и огради

Брисел се противи на подигнувањето ѕидови и огради во Европа, но секоја земја има право да ги заштити своите граници – изјави денеска портпаролот на Европската комисија, Маргаритис Схинас.

На новинарско прашање како ќе реагираат сега, кога Србија најави контрамерки поради одлуката на Хрватска да ги затвори границите за товарен сообраќај, Схинас рече дека тоа е прашање „релевантно за сегашната криза, но оти за ЕУ е порелевантно прво да најде решение на состаноците закажани за денеска и на самитот в среда“.