Македонија Шилегов неофицијално во првиот круг победува во Скопје

Шилегов неофицијално во првиот круг победува во Скопје

Според неофицијалните информации на веб-страницата на ДИК, од преброените гласачки ливчиња од 657 избирачки места од вкупно 685 во Скопје, кандидатот за градоначалник од СДСМ, Петре Шилегов, оствари победа во првиот круг, со речиси 135.000 гласови, наспроти малку повеќе од 96.000 на неговиот противкандидат, Коце Трајановски од ВМРО-ДПМНЕ, кој во изминатите два мандати беше на чело на главниот град.

Според членот 132 од Изборниот законик, победник е кандидатот што освоил мнозинство гласови ако на изборите излегле една третина од запишаните избирачи. Бидејќи излезноста во Скопје, според резултатите од ДИК, е повеќе од 60 отсто, со сигурност може да се смета дека преостанатите околу 4 отсто гласови што се очекуваат не може да му попречат на Шилегов да освои победа во првиот круг.