Економија Шесто продолжение на комисиската расправа за ребалансот на буџетот

Шесто продолжение на комисиската расправа за ребалансот на буџетот

Комисијата за финансирање и за буџет денеска ќе ја продолжи расправата за ребалансот на буџетот за 2017 година, на шестото продолжение на седницата кое треба да почне во 11 часот.

Досега не се поминати ниту десет од 840 предложени амандмани со колку што почна расправата за ребалансот.

И пред почетокот на оваа седница, од ВМРО-ДПМНЕ остануваат на ставот дека со ребалансот власта предвидува задолжување за 150 милиони евра повеќе од планираното.

Во однос на задолжувањето, од СДСМ, пак, сметаат дека долгот што власта на ВМРО-ДПМНЕ им го оставила на граѓаните е намален за 55 милиони евра.