Свет Европа Шестнаесет загинати во експлозија во Каиро

Шестнаесет загинати во експлозија во Каиро

Најмалку 16 лица денеска загинаа, а двајца се повредени кога во ресторан во Каиро е фрлен молотов коктел, изјавија египетските претставници.

Напаѓачот бил работник кој бил отпуштен од ресторан во областа Агуза, во центарот на Каиро.

Ресторанот бил сместен во подрум, а работел и како ноќен клуб. Еден претставник претходно рекол дека има 18 жртви.