Македонија Шестмина полицајци повредени по натпреварот Брегалница – Пелистер

Шестмина полицајци повредени по натпреварот Брегалница – Пелистер

Шестмина полицајци се повредени откако се обиделе да спречат физичка пресметка помеѓу навивачите на фудбалските клубови „Брегалница“ и „Пелистер“.

Битолските „чкембари“ сакале да се пресметаат со штипската „фаланга“ по фудбалскиот натпревар кој нивните тимови го играа вчера во Кочани и заврши нерешено.

„Автобус со навивачи на „Пелистер“, кој бил на заминување, застанал по поминати стотина метри и од него излегле 20-30 навивачи на „Пелистер“, кои се упатиле кон паркиран автобус на ФК „Брегалница“ и кон граѓани кои биле присутни на натпреварот. Од страна на полициски службеници било интервенирано и спречени биле другите навивачи да излезат од автобусот, но биле физички нападнати од поголем број навивачи“, информираат од МВР.

Шестмина полицајци завршиле на лекарски преглед, а петмина битолчани на возраст од 18 до 40 години биле приведени во полициска станица.