Свет Балкан Шест турски војници загинаа во два бомбашки напади

Шест турски војници загинаа во два бомбашки напади

Шест турски војници загинаа во бомбашки напади на курдските милитанти во Североисточна Турција.

Турската војска соопшти дека четворица војници загинале кога нивното возило било уништено од бомба на пат во провинцијата Хакари, во близина на границата со Ирак. Друг војник и член на државната милиција биле убиени во експлозија на автомобил бомба во провинцијата Ван.

Анкара за нападите ја обвини забранетата Курдска работничка партија (ПКК). Двегодишниот прекин на огнот меѓу ПКК и турската влада пропадна минатиот јули.