Главна секција Шест пациенти починаа, 54 нови регистрирани, вкупната бројка е 908 заболени од...

Шест пациенти починаа, 54 нови регистрирани, вкупната бројка е 908 заболени од корона вирусот

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје починаа четворица пациенти на возраст над 60 години, од кои двајца пациенти од Лабуништа, еден пациент од Прилеп и еден од Куманово.

Во болницата „8 септември“ починаа две лица, пациент од Велес (67) и пациент од Куманово (59).

Со два негативни теста и во добра општа состојба од Инфективната клиника се испишани 10 оздравени пациенти, а регистрирани се и 32 оздравени пациенти, 12 од Дебар и 20 од Скопје, кои се лекуваа во домашни услови.

Во изминатите 24 часа се потврдени 54 нови случаи на Ковид-19. По градови: Скопје-13, Куманово-25, Штип-1, Прилеп -10, Тетово-1, Велес -2, Гостивар -1, Кичево -1.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 908 лица. Според местото на живеење, досега се регистрирани во Скопје – 329, Куманово- 236, Дебар-49, Штип-28, Прилеп-85, Тетово-38, Струга-43, Велес-34, Битола-9, Охрид -4, Кавадарци-3, Гостивар-9, Гевглелија-4, Струмица-2, Крива Паланка-3, Радовиш-4, Крушево-3, Кочани-22, Пробиштип-2, Кичево-1.

Во изминатото деноноќие направени се 710 теста. Досега во земјата се направени вкупно 9.262 тестирања на Ковид -19.