Свет Шест лица убиени на аеродромот во Кандахар

Шест лица убиени на аеродромот во Кандахар

Најмалку шест лица се убиени на аеродромот во авганистанската провинција Кандахар. Најмалку тројца вооружени мотоциклисти отвориле оган врз автомобилот со кој службенички оделе на работа.

Како што соопшти директорот на аеродромот, службеничките работеле за приватна авиокомпанија, која го прегледувала багажот и по потреба ги претресувале патниците на аеродромот.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.