Дека се обиделе да ограбат казино во раните утрински часови на 3 март, СВР Скопје товари шеснаесетгодишник од Батинци и негов четири години постар соселанец.
Кривична пријава за обид за разбојништво добија А.Т. (20) и шеснаесетгодишникот, двајцата од скопското село. Тие во 3.45 часот влегле во казиното на улицата Иван Хаџи-Николов во Скопје и заканувајќи се со ладно оружје, од вработените побарале да им го дадат дневниот промет. Сепак, вработените се спротивставиле и ја осуетиле намерата на младите разбојници.