Дописници Шекеринска: Македонија го губи чекорот со сите свои соседи

Шекеринска: Македонија го губи чекорот со сите свои соседи

Радмила Шекеринска, заменик-претседател на СДСМ, од трибина во Охрид, обвини дека Република Македонија девет години не направи ниту еден чекор на патот кон ЕУ.

– Вчера беше донесен уште еден ист заклучок на земјите-членки на ЕУ, со кој ни кажаа вест на која веќе се навикнамве, дека уште 12 месеци Македонија ќе помине во ЕУ-чекалницата. Ниту е прв, ниту вторпат. Деветта година Македонија не може да мрдне чекор понапред. Го губи чекорот со сите свои соседи – рече Шекеринска.

Потпретседателката на СДСМ остро ја критикуваше власта за постапките и за „гушкањата со контраверзниот бизнисмен, Индиецот Субрата Рој“, кому власта му го даде најубавото крајбрежје на Охридско Езеро.

– Ја дадоа најубавата земја на човек кого тогаш судовите на Индија го бараа. Каде е извршителот да му го пратат на Субрата Рој, или ако не нему, тогаш на неговите пријатели овде, Груевски и Ставрески? Кога велеа дека милиони евра ќе дојделе, се гушкаа и се бакнуваа со него. Сега велат не знаевме ние дали Субрата Рој ќе инвестира! Во оваа држава божем сите сме еднакви, ама некои се поеднакви од останатите – рече Радмила Шекеринска, на трибина во Охрид.