Македонија Шеќеринска имала сообраќајка, патниците се во добра состојба, информираат од СДСМ

Шеќеринска имала сообраќајка, патниците се во добра состојба, информираат од СДСМ

Заменик претседателката на СДСМ, Радила Шеќеринска денеска имала сообраќајка, кај населеното место Мрзенци (Гевгелија). Таа во возилото била заедно со нејзините родители, а како што информираат од партијата, тие се во добра здравствена состојба.

„Возило, кое претекнувало камион на недозволено место на патот, преминало на другата страна од коловозот и удрило во приватното возило во кое се превезувала и заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, со нејзините родители. Заменик претседателката Шекеринска и сопатниците се во добра здравствена состојба“, стои во соопштението од СДСМ.