Македонија Шекеринска – Данкан: Продолжува поддршката од Велика Британија за eвроинтеграцијата

Шекеринска – Данкан: Продолжува поддршката од Велика Британија за eвроинтеграцијата

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска денеска се сретна со британскиот министер за Европа и Америка, Алан Данкан, во Министерството за надворешни работи и Комонвелт.

„Работиме на суштински внатрешни реформи како и на подобрување на односите со соседите. Тоа се сложени процеси, кои бараат политичка волја, време, но и постојана поддршка од нашите сојузници“, изјавила Шекеринска.

Данкан истакнал дека, Велика Британија продолжува да ја поддржува Македонија во нејзината интеграција во НАТО и Европската Унија, истакнувајќи дека, Самитот за Западен Балкан што ќе се одржи во 2018 во Обединетото Кралство, претставува одлична можност да се покаже напредокот на Македонија во повеќе области.