Македонија Шекеринска: Американската администрација сака што поскоро да ја види Северна Македонија во...

Шекеринска: Американската администрација сака што поскоро да ја види Северна Македонија во преговарачкиот процес со ЕУ

Фото: Министерство за одбрана

Местото на Западен Балкан е во ЕУ и дека новата американска администрација сака што поскоро да ја види Република Северна Македонија во преговарачкиот процес со Унијата. Ова е заклучокот од состанокот на министерката Радмила Шекеринска во Стејт Департментот и во Пентагон со новиот американски пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, соопшти Министерството за обрана.

„Министерката во Стејт Департментот имаше средба и со првиот човек на Бирото за политички и одбранбени прашања Тимоти Алан Бејтс, на која беше реафирмирана американската позиција за стабилен и просперитетен регион и решавање на прашањата кои ги попречуваат мирот и стабилноста. Министерката Шекеринска нагласи дека нашата држава како членка на НАТО ја прифаќа одговорноста да придонесува во безбедноста на Балканот и дека учествува во повеќе регионални иницијативи како и во мисијата КФОР во Косово,“ се вели во соопштението.

Во Пентагон, Шекеринска разговараше со Хајди Грант, директорка на Агенцијата за безбедносно- одбранбено соработка. На средбата стана збор за тековните проекти за модернизација на Армијата.