Свет Балкан Шефовите на мисијата на ЕУ на Косово ги повикаа партиите да обезбедат...

Шефовите на мисијата на ЕУ на Косово ги повикаа партиите да обезбедат фер и коректни избори

Шефовите на мисијата на Европската Унија на Косово ги повикаа сите политички партии и учесници на предвремените парламентарни избори, закажани за 11 јуни, оваа година, да обезбедат фер и демократски избори во склад со меѓународните стандарди.

Од мисијата нагласуваат дека предизборните кампањи треба да и им пружат информации на гласачите во атмосфера на мир, толеранција и почитување, за да може конечниот резултат да биде прифатлив за сите.

„Ги повикуваме сите партии да предложат кандидати кои се соодветни за високите позиции кои ќе ги заземат. Косово заслужува претставници со високи морални норми и со авторитет. Во голем дел од нашите земји, поединци кои се осудени за тешки злосторства по автоматизам се исклучени од изборната трка. Косово заслужува кандидати кои ги исполнуваат највисоките стандарди за јавни службеници“, се вели во заедничката порака на шефовите на мисијата на ЕУ на Косово.