Свет Европа Шеесет отсто од грчкиот јавен долг отпаѓа на членките од еврозоната

Шеесет отсто од грчкиот јавен долг отпаѓа на членките од еврозоната

Јавниот долг на Грција во моментов изнесува 323 милијарди евра. Најголем удел во европскиот долг имаат земјите-членки на еврозоната, на кои отпаѓа вкупно 60 отсто од долгот.

Еврозоната низ Европскиот фонд за финансиска стабилност на Грција ѝ позајми 141,8 милијарди евра и уште дополнителни 52,9 милијарди евра како посебен заем за Грција.

Најголем поединечен доверител е Германија, која преку европската програма за помош и за банки, на Грција ѝ додели вкупно 68,2 милијарди евра, а втор е ММФ.

Следна земја е Франција, чиј вкупен износ на заемот изнесува 43,3 милијарди евра, а потоа се Италија и Шпанија.