Свет Европа „Шарли ебдо“ по нападот има повеќе од 200.000 претплатници

„Шарли ебдо“ по нападот има повеќе од 200.000 претплатници

Бранот солидарност кон францускиот сатиричен весник „Шарли ебдо“ по терористичкиот напад во јануари, го зголеми бројот на претплатници за 20 пати, соопшти уредникот Ерик Портхол.

– Надминавме 200.000 претплатници – рече Портхол, додавајќи дека вкупниот приход изнесува 14 милиони евра, имајќи предвид дека просечната претплата изнесува 70 евра.

Пред нападот, „Шарли ебдо“ имаше само 10.000 претплатници. Магазинот доби и донација од 2,37 милиони евра, а парите ќе бидат уплатени на семејствата на жртвите на нападот, рече Портхол.

„Шарли ебдо“ од продажбата, претплатата, донациите и од јавната помош би можел да заработи 30 милиони евра, што е одлична сума за магазинот кој пред нападите имаше финансиски проблеми.