Македонија „Шарената револуција“ денеска ќе протестира за правда, еднаквост и за слобода

„Шарената револуција“ денеска ќе протестира за правда, еднаквост и за слобода

Денеска, во 18 часот, „Шарената револуција“ ќе протестира против социјалната неправда и лошите политики за вработување.

„Протестирам против социјалната неправда и лошите политики за вработување. Транзицијата ја осиромаши Македонија, а оваа власт ја закопа! Режимот веќе предолго ги држи нашите сограѓани како заложници за сопствените потреби: да гласаат, да прават списоци, да одат на контрапротести, да чистат споменици и мора тоа да го прават за да не ја изгубат и така недоволната плата. Но, ние веќе не се плашиме. Се исправаме против овој режим кој ја создаде најдлабоката нееднаквост во регионот, протестираме и се спротиставуваме за да не дозволиме уште еднаш да се повтори вакво владеење“, пишува во најавата за настанот на „Фејсбук“.

Протестот традиционално ќе почне пред Специјалното јавно обвинителство.