Македонија „Шарената револуција“ денеска ќе протестира во шест градови

„Шарената револуција“ денеска ќе протестира во шест градови

Поддржувачите на „Шарената револуција“ денеска ќе протестираат во шест градови.

Во 19 часот ќе се протестира во Струмица, Куманово, Гостивар, Ресен и во Свети Николе, а во Битола протестот ќе почне во 18.30 часот.

На последниот протест во Скопје, „Шарената револуција“ даде рок до 18 јуни да се исполнат нивните приоритетни барања, односно  Уставниот суд да се произнесе за уставноста на законот за Специјалното јавно обвинителство, како и да се запре прогонот кон демонстрантите.

По три дена пауза, утре ќе протестира и во Скопје. Протестот е закажен во 18 часот пред СЈО.