Дигитални права Шаќири: Наскоро стартува дигиталната идентификација на граѓаните и административците

Шаќири: Наскоро стартува дигиталната идентификација на граѓаните и административците

Photo by Kelly Sikkema on Unsplash

По завршувањето на сите технички усогласувања, денеска со МастерКард (MasterCard) се договоривме да се заврши интеграцијата на дигиталната идентификација во порталот за е-услуги во најкус можен рок. Со ова, 150.000 граѓани ќе може да отвораат дигитален идентитет на порталот за е-услуги, кој е целосно сертифициран за електронска идентификација на високо ниво, вели министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири за Порталб.

Дополнително, МастерКард (MasterCard) ќе донира 12.000 квалификувани електронски потписи за раководни лица во четири институции и неограничен број на напредни елетронски потписи за административните службеници во тие институции, објасни тој.

Шаќири минатата седмица преку Порталб.мк го најави завршувањето на проектот за дигитална идентификација, со кој ќе оперира МастерКард.