Македонија Шахпаска: Регистрирани 15 деца и 44 вработени во градинките кои се позитивни...

Шахпаска: Регистрирани 15 деца и 44 вработени во градинките кои се позитивни на ковид-19

Фото: Влада на РСМ

Министерката за труд и социјална работа Јагода Шахпаска информираше дека од отворањето на градинките на 9 септември до денеска, во градинките биле регистрирани 15 деца и 44 вработени позитивни на ковид-19.

„Во моментов 44 вработени и околу 190 деца се во изолација. Здравствената состојба на сите нив е добра,“ одговори Шахпаска на новинарско прашање.

Таа додаде дека не е изненадувачки што, доколку воспитувач или негувател е позитивен, во изолација да одат и цели групи до 15 деца, а за тоа одлучуваат епидемиолози врз основа на направена епидемиолошка анкета.