Македонија Северна Македонија прогласи пет руски дипломати за персона нон грата

Северна Македонија прогласи пет руски дипломати за персона нон грата

Фото: Мета.мк

Во просториите на Министерството за надворешни работи (МНР) денеска бил повикан амбасадорот на Руската Федерација во земјава, Сергеј Баздникин и му биле врачена дипломатска нота, со која петмина вработени во Амбасадата на Руската Федерација се посочени како непожелни во земјава, односно прогласени за „персона нон грата“, соопшти македонското МНР.

Петтемина дипломати, чии идентитети не се соопштени, мора да ја напуштат земјава во рок од пет дена.

„Согласно информациите добиени од надлежните органи, наведените извршувале активности кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи“, соопшти МНР.

Земјава, како членка на НАТО исто како речиси сите земји во Европа јасно ја осуди руската агресија на Украина.