Анализи Анализа: Северна Македонија и Бугарија повторно се скараа за историјата

Анализа: Северна Македонија и Бугарија повторно се скараа за историјата

Двете балкански земји Северна Македонија и Бугарија, кои пред две години потпишаа договор за добрососедство, се судрија околу потеклото на историската личност на Гоце Делчев, прашање кое го заостри речникот на високи државни политичари во земјата, пишува „Порталб“.

Бранот реакции прва го започна бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева, која на неколку јавни настапи изјави дека е неприфатлив предлогот на Северна Македонија Делчев да се одбележува заеднички на 7 октомври, денот кога Бугарија во 1946 година ѝ ги предаде посмртните остатоци на Македонија.

Во врска со оваа полемика се изјасни и претседателот Стево Пендаровски, кој во една емисија на изјави дека Гоце Делчев се изјаснувал како Бугарин, но во исто време се борел за македонската држава.

Меѓу бројните реакции на политичарите, но и на личности од соодветната област, привлече внимание „дипломатската полемика“ помеѓу премиерите на двете земји, Бојко Борисов и Зоран Заев.

Бугарскиот премиер Борисов во Брисел изјавил дека Македонците сè уште треба да „созреваат“ за да го добијат датумот за преговори за влез во ЕУ.

Следеше брза реакција и на премиерот на РСМ Заев, кој рече дека со Бугарија потпишавме договор за пријателство и соработка, а не за јавни полемики, и истовремено порача и двете држави да созреваат заедно.

Ова не е првата караница помеѓу двете соседни земји. Реакции од бугарските претставници имаше и по една изјава на премиерот Заев дека Договорот од Преспа“ го потврдува постоењето на македонскиот јазик и дека никој веќе нема да има право да го оспори“.

Во текот на разговорите, историчарите и експертите од двете земји настојуваат да ги надминат сите забелешки од академска и професионална гледна точка, и колку е можно да ја избегнат политиката.

Комисијата е формирана врз основа на паритет за решавање на отворени историски и образовни прашања, во согласност со член 8, став 1 од Договорот за добрососедство и соработка помеѓу Северна Македонија и Бугарија, кој беше потпишан на 1 август 2017 година.