Свет Северна Кореја тестираше нова хидрогенска бомба

Северна Кореја тестираше нова хидрогенска бомба

Северна Кореја потврди дека тестирала нова хидрогенска бомба наменета за интерконтинентална балистичка ракета. Ова го објави севернокорејската државна телевизија, наведувајќи дека се работи за голем успех.

Тестирањето на хидрогенската бомба, кое го наложил лидерот Ким Јонг-ун, претставува „целосен успех и значаен чекор“ во комплетирање на програмата за нуклеарно оружје на Северна Кореја.

Објавата следуваше неколку часа по двата потреси предизвикани од нуклеарната детонација.
Земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтер е забележан во Северна Кореја, а американскиот геолошки завод соопшти дека регистриран е потрес на 55 километри северозападно од Камчатка.

Кинеската агенција за земјотрес соопшти дека регистрирала уште еден потрес во Северна Кореја со магнитуда од 4,6 степени според Рихтер по првиот од 6,3 степени.

– Јапонската влада потврдува дека Северна Кореја спровела нуклеарна проба – изјави шефот на јапонската дипломатија Таро Коно.

Северна Кореја од 2006 година спроведе пет нуклеарни проби и серија тестирања на балистички ракети поради што за неа се воведени строги меѓународни санкции кои додатно беа заострени.