Свет Северна Кореја истрелала две нови балистички ракети

Северна Кореја истрелала две нови балистички ракети

Северна Кореја истрелала уште два нови балистички проектили, јавуваат јужнокорејските агенции. Според информациите што ги објавила јужнокорејската војска, ракетите прелетале 500 километри и паднале во морето во близина на градот Вонсана, во истиочниот дел на Северна Кореја.

Минатиот месец Пјонгјанг лансираше шест проектили во море со помош на повеќеслоен состав за лансирање.

Информацијата за лансирање на две нови ракети доаѓа во момент на голема затегнатност на состојбата на корејскиот полуостров, откако Северна Кореја во јануари изврши четврта по ред нуклеарна проба, а минатиот месец истрела ракета со долг дострел.