Свет Свет Северна Кореја им испрати протестна нота на САД

Северна Кореја им испрати протестна нота на САД

Парламентот на Северна Кореја денеска испрати протестно писмо до американскиот претставнички дом поради нивниот нов пакет санкции против Пјонгјанг.

Санкциите на Долниот дом на американскиот Конгрес се осудуваат како „гнасен акт против човечноста“. Ова го пишува во писмото испратено од надворешно-политичкиот одбор на севернокорејскиот парламент.

Не е јасно како протестното писмо е испратено, затоа што Северна Кореја и САД немаат дипломатски односи ниту официјални канали на комуникација.

Во извештајот на севернокорејската агенција КЦНА, се наведува дека писмото е испратено денеска.

Долниот дом на американскиот Конгрес пакетот санкции против Северна Кореја го усвои на 4 мај.