Свет Свет Северна Кореја е подготвена за нуклеарен напад

Северна Кореја е подготвена за нуклеарен напад

Северна Кореја ги предупреди САД да не преземаат никаква провокативна акција во подрачјето на Корејскиот Полуостров затоа што таа е „подготвена да одговори со нуклеарни напади“.

Овие пораки доаѓаат по одбележувањето на 105-годишнината од раѓањето на основачот на севернокорејската нација, Ким Ил-сунг.

Војници и бројни тенкови парадираа денеска во Пјонгјанг и демонстрираа воена сила, а на парадата беа презентирани и нов вид балистички ракети со дострел од илјада километри, кои се лансираат од подморница.

Меѓународните тензии настанаа по шпекулациите дека севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун може да изврши нуклеарна проба.

– Спремни сме да одговориме со сите можни средства. На нуклеарните напади сме подготвени да одговориме со нуклеарни напади – истакна Цои Рион-хе, заменик претседател на Корејската работничка партија.

Северна Кореја организираше голема воена парада и покрај тензиите на Корејскиот Полуостров, кои би можеле да доведат до судири со САД.