Македонија Северина и Каролина го парализираа Скопје

Северина и Каролина го парализираа Скопје

Речиси сите улици и булевари во централното градско подрачје од утрово се блокирани за сообраќај.

Улиците во центарот веднаш по полноќ беа затворени за сообраќај без да има некакво известување, а ќе останат затворени до 12 часот в недела.

Улиците Димитрија Чуповски и 11 Октомври се затворени поради поставување бина на улицата пред Собранието, за забавата по повод ребрендирањето на „Ти-мобајл“.

Главни гости на настанот ќе бидат пејачките Каролина и Северина.

Освен централното градско подрачје, веќе неколку дена од 7 до 19 часот затворена е и обиколницата околу Скопје поради снимање на францускиот филм „А-фонд“.