Забава Сеп Блатер избањат во пари

Сеп Блатер избањат во пари

Неидентификувано лице упадна на прес-конференцијата на ФИФА и го посипа со пари сега поранешниот претседател на светската фудбалска федерација, Сеп Блатер.

Обезбедувањето веднаш го отстранило лицето од прес-конференцијата, а на социјалните медиуми се појави информација дека банкнотите се лажни.

Провокацијата, наводно, ја направил комичарот Сајмон Бродкин (познат како Ли Нелсон). Посрамениот Блатер изјави дека инцидентот „нема никаква поврзаност со фудбалот“.

Упадот на комичарот, за неколку минути го одложи говорот на Блатер, кој подоцна продолжи.

ФИФА денеска соопшти дека изборот на нов претседател на организацијата ќе се одржи на 26 февруари следната година.