Свет Седумнаесет загинати во бомбашки напад на џамија

Седумнаесет загинати во бомбашки напад на џамија

Најмалку 17 лица загинаа во самоубиствен бомбашки напад на џамија на југот на Саудиска Арабија, јави саудиската државна телевизија.

Нападот се случил во јужната провинција Асир, која се наоѓа југоисточно од Мека, во близина на границата со Јемен.
Во џамијата имало припадници на единиците за државна безбедност – специјални сили за вонредни ситуации, јавуваат локалните медиуми.

Сите загинати се припадници на единицата.